Шеф на еден популарен ресторан во Торино раскажал интересна анегдота за Кристијано Роналдо.
Во декември 2018 година заѕвонел телефонот во ресторанот, а на другата страна од слушалката бил еден од најдобрите фудбалери на светот – Кристијано Роналдо.

„Се чувствував како на филм, никогаш нема да го заборавам тоа. Се припремав за вечерната смена кога добив повик кој не го очекував ни на сон. Ми се јави Кристијано Роналдо за да резервира маса за тројца на негово име. Веднаш ја прифатив резервацијата иако ресторанот веќе беше полн. Не знаев што да правам, се надевав дека гостите кои резервираа од 19:30 часот ќе ги ослободат масите до 21:30 часот, кога тој најави дека ќе дојде. За секој случај позајмив маса од ресторанот до нас и ја ставив во еден ќош“, се присетил шефот Фиоре.
Меѓутоа, Роналдо заедно со Џорџина и синот Кристијано пристигнал еден и пол час порано.

„Тие пристигнаа во 20 часот и немав поим што да правам. Гостите останаа без текст, никој не прозборе ниту еден збор, но не се осмелуваа да станат. Сите гледаа во Кристијано. Го одведов до позајмената маса. Времето поминуваше, а никој не го напушташе ресторанот. Меѓутоа, тој не се побуни. Тогаш сфатив дека е добар човек, не само најдобриот играч на светот. Луѓето кои се помалку славни од него би заминале по 5 минути чекање и би биле многу арогантни. Тој чекаше за маса 40 минути“, открил шефот на ресторанот.
Оттогаш Роналдо станал постојан гостин кај Фиоре.