Навивачот се пофали на Фејсбук, споделувајќи фотографија со Жозе Мурињо, која, патем, му била јасно забранета. Ја понел со себе и книгата од славниот тренер, за тој да му ја потпише.
„Неколку минути на дистанца и со сето тоа с**ње што доаѓа со протоколот, дури успеав да направам фотографија, иако ми беше забрането. Се обидов да му кажам колку сме благодарни за тоа што го направи за нашиот Интер. ‘Мистер’, ни го остваривте сонот по 45 години, најмалку што можеме да направиме е да ве почитуваме насекаде низ светот и да ви дадеме до знаење дека не забораваме и никогаш нема да заборавиме“, напиша навивачот на англиски јазик, споделувајќи со фановите на Интер од целиот свет.

Ова е второ доаѓање на Мурињо во Скопје, откако во 2017 година, како тренер на Манчестер јунајтед играше во Суперкупот на УЕФА, против Реал Мадрид. И тогаш предизвика големо внимание, а неговите приврзаници не го заборавија ни сега.
Мурињо и екипата на Тотнем се сместени во хотелот „Хилтон“ во Скопје, пред вечерашниот натпревар против Шкендија (20 ч.) од третото квалификациско коло во Лига Европа.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















