Очите на светот се вперени во Северна Кореја чиј што лидер, Ким Јонг Ун наводно е во исклучително тешка здравствена состојба.
Деновиве се појави информација дека на севернокорејскиот лидер му бил извршен кардиоваскуларен оперативен зафат, по што наводно се наоѓал во „вегетативна состојба“, но тие информации не се официјално потврдени.
Во меѓувреме, севернокорејскиот весник „Родонг Шинмун“ објави писмо во кое Ким Јонг Ун лично им се заблагодарува на градежните работници кои работат на модернизација на градот Самџион.
„Врховниот лидер Ким Јонг Ун им се заблагодарува на работниците кои искрено и со сето срце даваат придонес кон создавањето на градот Самџион“, пишува весникот, притоа не откривајќи кога е писмото упатено и каде се наоѓа Ким Јонг Ун.
Во меѓувреме, американскиот таблоид „Њујорк Пост“ повикувајќи се на раководител од телевизијата “NKSTV” од Хонгконг пренесува дека севернокорејскиот лидер е мртов.
Наводно и потпретседателката на “NKSTV” објавила на кинеската социјална мрежа “Weibo” соопштение за смртта на севернокорејскиот лидер. На социјалната мрежа ја следеле 15 милиони луѓе и нејзините следбеници не само што ја споделувале објавата, туку споделувале и фотографија на која наводно Ким Јонг Ун се наоѓа во стаклен ковчег.
So, it appears North Korea dictator Kim Jong Un is dead according to reporting out of china. #HKSTV This is a alleged pic in a glass coffin. pic.twitter.com/lmOH3yXE4p
— Mike Cross (@Docology) April 25, 2020
Сепак, информациите од овој дел на светот и натаму се прилично конфузни, а треба да се истакне дека и јапонскиот весник „Шукан Гендаи“ известува дека севернокорејскиот лидер е жив, но се наоѓа во „вегетативна состојба“ после операцијата на срцето.