Семејството на 27-годишната Драгана Бошковска од Скопје, штотуку ја пронашло во обложувалница во скопската населба Кисела Вода.
Потрагата е успешна, а Драгана е повторно со своето семејство, информира нејзината сестра за „Слободен печат“ заблагодарувајќи им се на граѓаните за солидарноста.
За потсетување, семејството на Драгана апелираше до сите граѓани дека ѝ се губи секаква трага, откако во петокот вечерта ја напуштила семејната сендвичарница во Влае и исчезнала.
Оваа информација брзо се прошири на социјалните мрежи, како и на интернет порталите, а тоа значително придонесе за пронаоѓањето на Драгана.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















