Многу вкусна салата полна со витамини и минерали, за сладење цело зимо! Рецептот го сподели нашата драга читателка во групата на НМД рецепти.
Фото и рецепт: Благица Баба Буки Ивановска
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 кг карфиол
2 кг зелка
1 кг морков
200 г шеќер
400 мл масло
120 г сол
350 мл оцет
1 лажица мелен црн пипер
2 филџанчиња вода
ПОСТАПКА:
Зелката ситно се сечка, морковот се ренда а карфиолот се ситни на цветчиња. Откако вака ќе се подготви се става во длабоко тенџере додека се подготвува солилото.
За солило: сите состојки освен оцетот се ставаат на оган да зоврие, се меша за да се растопат солта и шеќерот, па веднаш пред полевање на зеленчукот се дотура и оцетот.
Со вака проготвеното солило се попарува сечканиот зеленчук и се остава да отстои 4 часа. Потоа се собира во тегли и се затвора.
Која ја правел оваа салата, знае колку е убава.




![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















