Цел Наполи во неверување ! Елмас сè уште позитивен на Ковид 19

80

Џенаро Гатузо, кормиларот на Наполи, сè уште не може да смета на услугите на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас за претстојните натпревари на клубот. Пред утрешниот прв натпревар од новата сезона во Лига Европа против холандски Аз Алкмар, Италијанецот рече дека Елмас и Зиелински и натаму се позитивни на Ковид-19 и не се во комбинација за мечот.

„Во стартниот тим ќе имаме тројца или четворица играчи што не настапија против Аталанта. Мора да правиме промени и да ротираме со ваков распоред, но сепак не сакам премногу да го менувам ликот на тимот. Зиелински и Елмас сè уште се позитивни на вирусот. Искрено, се надевам дека ќе бидат негативни по истекувањето на 21. ден. По тоа, ќе мора напорно да работат да се вратат во оптимална физичка кондиција“, рече Гатузо.