Почетна Забава Сеќавања: Вака изгледаше некогаш Лила Филиповска како пејачка (видео)

Сеќавања: Вака изгледаше некогаш Лила Филиповска како пејачка (видео)

180

Кога ќе се спомне Лила Филиповска веднаш е јасно дека станува збор за една од најпознатите водителки и препознатливи ТВ лица.

Лила имаме прилика секој работен ден да ја гледаме на Сител телевизија во нејзиното препознатливо ТВ шоу – „Се или нешто“ кое неколку години успешно го води пред екраните и воедно е нејзин заштитен знак.

Освен водителството, Лила е една и од највлијателните инфлуенсерки по новото модерно време, па често е активна на социјалните мрежи каде промовира одредени брендови, козметчки производи….

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЛИЛА ФИЛИПОВСКА

Meѓутоа, водителката некогаш знае да се потсети и на некои убави спомени како од своето детство, фотографии од нејзините почетоци, како изгледала некогаш.

Имено, овој пат, Лила се потсети на периодот кога се обиде да биде пејачка.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЛИЛА ФИЛИПОВСКА

Филиповска пред неколку години кога станува препознатливо ТВ лице како водителка, добива желба да биде пејачка и снима неколку песни меѓу кои: и „Земјотрес“,„Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“.

Деновиве, Лила го бараше спотот за песната „Ти верувам до крај“, изгледа не успеа да го најде, па се потсети на еден нејзин настап.

Со потполен друг изглед, друга фризура, друг стајлинг, речиси водителката изгледа непрепознатливо.

Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу, па процените колку се променила.