Toyota Corolla беше убедливо најпопуларниот автомобил во текот на минатата година со 1,134,632 продадени примероци.
Моделот на јапонскиот производител и покрај одличната година, сепак забележа пад на продажбата од 8,8%. На второт место се најде Toyota RAV4 со 971,156 продадени примероци и раст на продажбата од 1,9%, додека подиумот го заокружи Honda CR-V со 705,651 продадени примероци и пад на продажбата од -13,2%.
На четвртото место се најде уште еден модел на Honda – станува збор за Civic со 697,945 продадени примероци, а јапонската четворка ја „растура“ германски Volkswagen Tiguan со 607,121 продадени примероци.
На 6-то и 7-мо место се најдоа повторно два автомобил од Јапонија – Toyota Camry со 592,648 продадени примероци и Nissan Sylphi со 544,376 продадени примероци и значаен раст 14,4%.

На осмото место се најде најпопуларниот автомобил во Европа – Volkswagen Golf со продадени 492,262 примероци и сериозен „минус“ од 28,6%.
Топ 10-те најпродавани автомобили за 2020-та година ги заокружуваат Volkswagen Lavida со 463,804 испорачани примероци и Hyundai Tucson со 462,110 продадени примероци.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















