Се запали авион со 100 патници: Голем пожар на аеродромот во Техеран

158

Авион на “Iran Air” со 100 патници се запали на аеродромот Мехрабад во иранскиот главен град Техеран, пренесува новинската агенција „Фарс“.

Половина од вкупниот број на патници биле евакуирани и итните служби реагирале, по што веднаш бил изгаснат пожарот. Инцидентот се случил во 21:00 часот по локално време.

За среќа, никој од патниците и членовите на екипажот не биле повредени, а на лице место пристигнале околу 10 против-пожарни возила кои ги спасиле патниците, како и авионот.

Новинската агенција „ИСНА“ пренесува дека пожарот набрзо после избивањето бил изгаснат, а засега не се познати причините поради кои избил пожарот.

 

loading...