Авион со 67 патници и пет членови на екипажот се урна во Казахстан, соопшти тамошното Министерството за вонредни ситуации. Според првичните информации авионот се запалил од засега непознати причини. А во процес на разјаснување се информациите за жртвите. Според првичните неофицијални податоци има десетина преживеани.
Службите за итни случаи известија дека соборениот авион е на Азербејџан ерлајнс. Според државната агенција Казинформ, авионот летал од Баку за Грозни.
„52 члена персонал и 11 единици со опрема од Министерството за вонредни ситуации на Казахстан пристигнаа во Актау на местото на авионската несреќа. По пристигнувањето било утврдено дека авионот гори“, извести Министерството за вонредни состојби.
На социјалните мрежи се шират видеа од наводната авионска несреќа.