И тоа се случува во Германија: Поради мигрантите Меркел го смени првиот човек на разузнавачката служба

834

Лидерите на владеачката коалиција во Германија постигнаа договор за конфликтот кој што го имаа поради сега веќе поранешниот шеф на разузнавачката служба Ханс-Георг Масен, потврди германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер.

Откако Масен беше сменет од функцијата поради неговите анти-мигрантски ставови, Зехофер потврди дека тој сега ќе стане „специјален советник“ во министерството за внатрешни работи во Германија за „европски и меѓународни прашања“, пренесува новинската агенција „АП“.

Минатата седмица беше договорено Масен да биде сменет од функцијата, но да биде поставен за заменик министер за внатрешни работи. Сепак, тоа ги разлутило членовите на Социјалдемократската партија.

Од партијата барале Масен да биде целосно исфрлен од владата затоа што настојувал да го неутрализира најновото насилство над мигрантите, но на негова страна останал влијателниот министер Зехофер кој што исто така се противи на мигрантската политика на канцеларката Ангела Меркел.

„Се договоривме да ја преиспитаме ситуацијата. Сакаме да дојдеме до заедничко и одржливо решение, а тоа ќе го направиме во текот на викендот“, изјави неодамна германската канцеларка Ангела Меркел.

Масен беше сменет од должноста на 18-ти септември од функцијата шеф на разузнавачките служби поради конфликтот со германската канцеларка во врска со антимигрантското насилство кое што изби на истокот на Германија. Масен тврдел дека за време на антимигрантските протести во источниот град Кемниц, неонацистите не ги малтретирале мигрантите.

Насилствата во источниот германски град Кемниц избија откако мигранти убија Германец, а тоа што Масен застана зад Германците кои што протестираа против убиството на сограѓанинот го чинеше смена од функцијата.