Тезгите затворени, пазарџиите на протест

146

Пазарџиите од Зелениот пазар и Бит-пазар денеска излегоа на протест. Тие велат дека лиценци не вадат, и дека инспекции на пазарите се уште нема, но веќе се забележува дека тезгите на пазарите се се попразни.

Од комората на трговци кажаа дека законот веќе почнал да се спроведува, и уверуваа дека ова е добро законско решение. Сепак издавањето на лиценци оди слабо – досега издадени се околу 50.

– Нема да склучуваат нови договори за закуп на тезги. Со дописи до економскиот тим на Владата, како и самиот премиер, ќе бараат законот да се одложи или измени, велат пазарџиите.

Министерот за економија кажа дека дописот стигнал до него, но тој не е вистинската адреса каде треба да се обратат. Тој може да им помогне само во делот на измена во правилниците, но не и на целиот закон.

Пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.

Со новиот закон за зелени пазари секој закупец на тезга треба да плаќа годишна лиценца од 60 евра, а за секоја дополнителна плус 40 евра