Се шушка: Владо Јаневски и Дунавка Трифуновска се во врска

2374

Очигледно не е никаква случајност тоа што Дунавка Трифуновска ја има главната улога во најновиот видеоспот на познатиот пејач Владо Јаневски за песната „Главен град на тагата“, пишува 1ТВ.

Имено, до нивната редакција пристигнале папарацо-фотографии токму од Владо и Дунавка, направени пред еден познат охридски хотел.

– Владо ја чекаше можеби половина час во неговиот автомобил и од она што можев да забележам, беше прилично нервозен. По некое време излезе од автомобилот и се упати на рецепцијата на хотелот каде во тој момент се симна и Дунавка.  Веднаш го напуштија хотелот и влегоа во неговиот автомобил – изјавил сведок на оваа случка, кој од разбирливи причини сакал да остане анонимен.

Погледнете го спотот на популарниот пејач, во кој Дунавка ја има главна улога: