„Се преправав дека сум мртва за да престанат да ме тепаат“: Мерил Стрип проговорела за најболните моменти во нејзиниот живот

237

Актерката Мерил Стрип долго време со насмевка ја криела својата тага која ја носи со себе и пред неколку години одлучила да проговори за страдањата кои ги преживеала.

Животот нималку не ѝ бил лесен. Два пати била нападната, а еднаш криминалците толку многу ја претепале што таа се преправала дека е мртва за да престанат.

„Еднаш бев нападната на улиците на Њујорк. Се преправав дека сум мртва за да престанат да ме тепаат. Беше тоа како да го гледам своето тело како паѓа од 20 метри висина“ – раскажала Мерил Стрип која по нападот во кој била на раб на смрт одвај закрепнала.

Меѓутоа, тоа не бил крајот на ужасните случувања. Некоја вечер била во друштво на некоја нејзина добра пријателка која на сите им е многу добро позната.

„Мене и на моја блиска личност не нападнаа и тепаа. Тогаш полудев и почнав да го удирам напаѓачот. Со мене беше Шер. Ги избркавме напаѓачите, а тоа беше големо чудо“ – раскажала Мерил.

Меѓутоа, можеби најубавата, а воедно и најтрагична приказна за љубовта на нејзиниот живот е со колегата Џон Казале во кој се заљубила пред четири децении. Џон од Мерил бил постар 14 години, а љубовта се родила од првиот момент кога се запознале во 1976-та година.

„Никогаш не сум запознала некој таков. Беше единствен, многу сочувствителен и љупобитен“ – рекла Мерил за Џон.

Иако многу се сакале, парот не можел да направи ништо кога Џон во 1977-та година се разболел.

Отишол на болница и му било дијагностицирано дека боледува од карцином на белите дробови.

Тоа било почеток на нејзината борба која траела до самиот крај – кога Џон починал.

Актерот кога дознал дека е болен веднаш ги откажал сите проекти на кои глумел, а Мерил почнала да работи со полна пареа и повеќе од претходно.

Џон на почетокот на месец март бил примен во болница, а на 12-ти март докторите ја повикале Мерил за да ѝ соопштат дека тој починал.

Мерил по нејзината голема загуба многу тешко закрепнала и потоа се венчала со американскиот скулптор Дон Гарнер со кој и денес живее и има четири деца.