Ребека Јанковска Ристески: „Болеста на Маркијан ме научи да не правам планови во животот!“

1826

Познатата пејачка Ребека Јанковска Ристески е мајка на три деца, синовите Маркијан, Доротеј и Макареј.

Најстариот син Маркијан боледува од туберна склероза и, откако му беше дијагностицирана оваа болест, Ребека се повлече од музиката и му се посвети на него.

Сепак, пејачката вели дека и’ недостасуваат работата во студио и настапите, па едвај чека да и’ се врати на кариерата.

Животот и болеста на Маркијан ме научија дека не треба да правам планови во животот. Бев принудена да се повлечам, целосно му се посветив на него. Пред неколку години снимив нова песна, но непосредно потоа останав бремена со близнаците, па повторно ја ставив кариерата во втор план. Ми недостасува работата, како не. Имам многу напишани текстови, дури и некои мелодии, но кога ќе дојде време, ќе се вратам“, рече Ребека.

Инаку, пејачката околу 15 години е во брак со Мики Ристески, кој беше директор на Клиниката за онкологија и радиологија во Скопје.

Фото: Фејсбук