Личностите кои боледуваат од депресија може да имаат проблеми со разликување на слични спомени, покажала нова статија. Таа може да предизвика бројни проблеми, вклучувајќи и недостаток на сон и високо ниво на стрес.
Истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг во Јута одлучиле да истражат дали постои врска помеѓу депресија и проблем со помнењето.
Проблемот со помнењето и мешање спомени настанува кога личноста не е во состојба да прифати нови информации поради претходни мсили или спомени. Професорите Доналд Шелтон и Брок Криван спроведиле тест на 89 возрасни лица.
Учесниците морале да бидат оценети според нивните аспекти кон животот, нивото на анксиозност и депресија. Тие го забележале и квалитетот на сонот и колку вежбаат.
Истражувачите забележале дека депресивните лица имале полоши резултати на вторите тестови. На екраните им биле презентирани познати и непознати предмети. Личностите кои страдале од депресија имале проблем да разликуваат слични објекти, пренеува Индепендент.
Стручњаците наведуваат дека е важно да се знае дека тоа не значи дека страдаат од амнезија, туку станува збор за недостаток од помнењето како резултат од лошото ментално здравје.
Научниците се надеваат дека резултатите од овие студии ќе помогнат во пронаѓањето на подобра терапија за лица кои страдаат од депресија.