Се појавија првите снимки направени пред хеликоптерот да се сруши на Менхетн: Леталото исчезна во облаците…

1115

Откако хеликоптер удри на покривот од облакодер на Менхетн, на интернет се појавија првите снимки на кои се гледа леталото непосредно пред да се случи несреќата.

Да потсетиме, после неуспешното слетување на покривот на облакодерот на Менхетн, избил пожар, по што хеликоптерот се сруши, а пилотот го загуби животот. Како што може да се види на видеата, пилотот очигледно имал сериозни проблеми со контролата на леталото.

Американските медиуми откриваат дека пилотот сакал да слета на покривот на една зграда, но при слетувањето настанал пожар. Очевидци откриваат дека слушнале тресок и целата зграда започнала да се тресе после ударот, а потоа можел да се забележи и густ чад.

Облакодерот веднаш бил евакуиран, а на лице место пристигнале пожарникари и екипи на итна помош.