Се огласи Ештон Кучер по обвинувањата на Деми Мур дека ја понижувал – погледнете како

735

Холивудската актерка Деми Мур неодамна повторно ја шокираше јавноста кога откри детали од својот љубовен живот за нејзиниот некогашен партнер, актерот Ештон Кучер.

Таа не само што открила дека Ештон ја изневерувал туку и дека често ја убедувал да имаат секс во тројка и дека таа не по своја волја го прифаќала тоа.

„Сакав да му покажам дека знам да бидам забавна, но сега знам дека тоа беше грешка“ – наишала Деми.

Иако до скоро не му пречело тоа што медиумите пишуваат за нив изгледа дека тоа сега се сменило.

Неговата “тишина“ покажуваше дека тоа што Деми го споделува со јавноста не му пречи на популарниот актер, но изгледа дека актерот решил да ја прекине таа тишина со еден свој твит.

„Сакав да твитнам нешто лошо, но потоа го видов својот син, ќерка и жена и го избришав“ – напишал актерот и ставил емотикон срце.

„Животот е добар“ – додал тој.

Секако дека голем број луѓе го прокоментирале тоа, а меѓу нив имало и многу пораки за поддршка.

„Вашиот став ни покажа кој сте вие навистина. Ниту една книга тоа нема да го промени. Продолжете да работите така напорно и добро“ – коментирал некој корисник на Твитер.