Усаин Болт испиша историја во атлетиката. Најбрзиот човек на светот – Господин Молња. Но, едно девојче, на кое среќните родители сè уште не му дале име, ги потисна сите спортски успеси на Болт.
Секако, доаѓањето на свет на наследничката на човекот чие име е запишано меѓу бесмртните, не можело туку-така да помине. Нејзиното раѓање не можело да се објави вообичаено…
Премиерот на Јамајка, Ендру Холнес им честитал на Болт и неговата избраничка Каси Банет на социјалната мрежа Твитер, па така цел свет за еден момент дознал за оваа радосна вест.
Congratulations to our sprint legend Usain Bolt (@usainbolt) and Kasi Bennett on the arrival of their baby girl! pic.twitter.com/bheXPgU7Qd
— Andrew Holness (@AndrewHolnessJM) May 18, 2020
„Честитки до нашата спортска легенда Болт и Каси Банет за раѓањето на нивното девојче“ – напишал Холнес.
Колку Болт бил возбуден за тоа што ќе стане татко, кажуваат неговите зборови од месец февруари, оваа година кога потсетил на трагично починатиот Коби Брајант кој има четири ќерки:
„Возбуден сум, но и нервозен истовремено. Видов во очите на Коби колку ги сака своите девојчиња. Тоа е чувство кое што и јас го сакам“ – изјавил тој.