Народното собрание на Бугарија го отфрли ветото на претседателот Румен Радев за набавка на борбени авиони Ф-16 за Военото воздухопловство.
За отфрлање на ветото гласаа 128 пратеници, додека 73 беа против. За потврда за купување на авионите беа доволни 121 глас.
Расправата траеше околу два часа, а опозицијата претежно не се согласуваше со условите за купопродажниот договор, сметајќи ги за непрофитабилни за Бугарија. Беше нагласено дека не постои гаранција дека договорите ќе бидат испочитувани на време и во рамки на проектираниот буџет, како и дека не постојат механизми за меѓународна арбитража, туку само можност за тужба во САД.
Според владејачките партии, договорите со САД се стандардни како и за другите држави кои ги купувале тие авиони со кои, како што беше посочено, ќе бидат заштитени стратешките интереси. Тие сметаат дека со Ф-16 ќе се зголеми и авторитетот на државата.
По одбивањето на ветото за набавка на авионите претседателот е должен да ја потпише ратификацијата на договорот, кој ќе стапи на сила по објавување во службен весник.






















![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] „Потпишав договор на 250.000 евра месечно, татко ми не ми зборуваше една недела“: Бака Прасе откри колку заработува](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/02/OxJnT-chatgpt-image-feb-24-2026-11-22-39-am-218x150.png)










