Саудиски шеик ме чуваше во харем, со крв ми пишуваше дека ме сака, а со 12 жени го чекав својот ред

618

Џил Дод во 80-тите години била успешен модел, а потоа запознала 24 години постар маж. По оваа средба, нејзиниот живот тргнал во друга насока. Живеела во неговиот харем.

“На 20 години потпишав договор со престижна модна агенција. Почнав да добивам ангажмани во Франција, во Париз снимав едиторијали за “Vogue”. Бев млада, наивна и опиена од успех кога во Кан запознав млад, проќелав, буцкаст, но шармантен господин. Дури потоа сфатив дека тоа е Аднан Кашоги, кој заработил милијарди од препродажба на оружје”, пишува во контроверзната книга на 58-годишната Џил. Се почнало кога Аднан ја повикал на танц.

“Наеднаш го зграби столчето, го сврте и го фрли во огнот. Го направив истото што и тој. Се смеевме. Тогаш, без никакво предупредување, ме фати за рака и на надлактицата со крв ми напиша – “те сакам””, пишува поранешната манекенка.

Следниот ден ја поканил на својата 280 метри долга јахта, на која се снимал еден од филмовите за Џејмс Бонд.

“Кога со пријателката дојдов на јахтата, Аднан не одведе до огромен ормар кој беше преполн со дизајнерска облека и можевме да бираме што сакаме. Разговаравме до пет часот наутро и јас се заљубив во него”, напишала Џил.

Шеикот бил оженет и имал пет деца, но имал право на 12 сопруги за задоволство. Многу брзо Џил станала дел од неговиот харем. Живеела заробена во неговите луксузни одаи во Саудиска Арабија и чекала да дојде на ред за сексуални односи со милијардерот.

Со Аднан медиумите поврзувале многу светски ѕвезди. Во негово друштво уживале Џоан Колинс, Џеки Кенеди, Лајза Минели, Фара Фосет, а Синатра му бил еден од подобрите пријатели.