Сара Мејс откри каков сопруг е Димитар: „Мажот секогаш мисли дека дава се од себе, а на жената никогаш не и е доволно

746

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски во септември претходната година станаа родители на нивното прво дете, ќерката Илина.

За разлика од другите јавни парови кои веднаш на социјалните мрежи не ги објавуваат децата, тоа не беше случај со Димитар и Сара.

Набргу по породувањето, Сара ја објави првата фотографија од Илина.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/САРАМЕЈС

Некое време откако стана мајка, Мејс не чекаше многу да се врати на своите активности и музички ангажмани.

Сара и Димитар го користат секој момент да уживаат во нивното најмило богатство.

Во интервју за „Гламур“, Сара откри колку се променила откако станала мајка.

„Највеќе си ја чуваме јас и Димитар па така не пропушатме ниту еден нов момент од нејзиното созревање. Тука се и нашите родители, братучетка ми или прабаба и’, така што, од сите страни е во добри раце ? а дали сум сменета? Па, не знам…. мислам дека да, но позитивно… Открив нова димензија ЉУБОВ…. #Илина“ вели Сара.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

На прашањето каков сопруг е Димитар, Костадинова вели:

Уф. Тешко прашање. Мажот секогаш мисли дека дава се од себе, а на жената никогаш не и е доволно. Помага, а највеќе кога е одморен. Одличен татко е, Илина го обожава. Исто и сопруг. И жена му така„ вели Сара за „Гламур“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/САРАМЕЈС

Од друга страна, Мејс на својот Фејсбук објави фотографија со нејзината ќерка Илина, а во описот напиша: „Моја другарка“.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Димитар ја сподели истата фотографија, а во описот напиша: „Ако некој ме праша кое е моето најголемо богатсвто“.

Сара најави дека подготвува и нова песна која се вика „Бакар боја“.