Нов силен земјотрес во Грција – балканот не престанува да се тресе

0
261

Земјотрес од 5.4 степени според Рихтеровата скала предмалку ја стресе Грција. Истиот на длабочина од 80км, 254 км од главниот град на Грција, Атина.

Сеуште нема информации за евентуални штети.

Пред само неколку дена земјотрес со јачина од 3.8 степени ја погоди и Албанија. Истиот е на длабочина од 2км на 37 км од главниот град на Албанија, Тирана.

Серија на земјотреси исто така беа почувстувани во текот на еден ден повеќепати во Грција. Земјотрес со јачина од 3.6 степени по Рихтер, на длабочина од 10 км, 211 км од Скопје.

Следниот со јачина од 3.7 степени, на длабочина од 1 км, 200км од Атина.

Најсилниот беше 4.2 степени според Рихтер, истиот на длабочина од 15 км, 188 км од Атина.

Изминатиот период земјата најмногу се тресе токму кај јужниот сосед, се надеваме дека овие ќе бидат последните и земјата конечно ќе се смири.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here