Сантош по победата над Полска: Роналдо ни недостига

375

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош изјави дека Кристијано Роналдо му недостига во тимот, и покрај успехот како гостин над Полска.

„Морепловците“ победија со 3:2 во натпревар од групата 3 во Лига на нациите. Европскиот шампион успеа да се справи без ѕвездата на Јувентус.

Поранешниот играч на Реал Мадрид не беше повикан во тимот поради обвиненијата за силување.

– Нема тим кој ќе игра подобро без најдобриот фудбалер во светот. Кога Кристијано игра, тој дејствува лево и ни дава повеќе можности да го завршиме нападот. Нашиот тим се концентрира на освојувањето на своите натпревари, резултатите во официјалните натпревари го покажуваат тоа. Не можете да станете европски шампион без да победувате, прокоментира тренерот.

Во следниот круг на 17 ноември, Португалија гостува на Италија.

Дуелот беше посебен за ѕвездата на домаќините, Роберт Левандовски. Тој го запиша натпреварот број 100 за својата татковина.