Пејачката Јелена Карлеуша не штеди пари дури и за време на вонредна состојба. Таа среде пандемијата од коронавирусот, се фрли на онлајн шопинг, па преку иИнтернет нарача нешто, што сега само Карлеуша дома го има, а никој друг го нема.

Имено, штом и стигна, русокосата веднаш на Инстаграм се пофали со новата играчка, чија цена воопшто не е играчка и чини околу 5.000 евра.

Уште не поставен и не монтиран, додека луѓето што и го истоварија се трудеа да и објаснат како функционира, Карлеуша реши веднаш да го фотографира, па сликите ги сподели за да се пофали.

Сега и да врне и да вее и корона да коси, пејачката на солариум никој не ќе мора да ја носи, зашто русокосата дама, сега може да се сонча и од дома сама.

А потоа не се сомневаме дека веднаш ќе ги сподели фотографиите за да види целата нација, како Карлеуша е потмента и во изолација!

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















