Сите дами ги поврзува еден детаљ
Изгледот често знае да излаже, но дамите секогаш се препознаваат по еден детаљ.
Не се работи ниту за фризурата, ниту за облеката, туку за ноктите, а дамските нокти не изгледаат онака како што ги замислувате.
Додека козметичката индустрија толку многу напредува што денес секој може да излезе од салон со нокти какви што ќе посака, светкавиот, шарен и нападен маникир никако не им прилегаат на дамите.
Дамите имаат кратки и уредни нокти, а фактот дека вештачките веќе не се во мода, потврдуваат и сите бјути-едиторијали во модните списанија на кои манекенките секогаш имаат кратки и еднобојни нокти.