Симона Попоска се поднови со силиконски гради?

1515

На настапот во Кавардарци пејачката се појави во кусо црвено фустанче како секси баба Мразица

Атрактивната македонска пејачка Симона Поповска од неодамна ја заврши соработката со диџејот Ерик Фокс со кого настапуваше заедно со години.

Сега, Симона веќе има нов соработник на сцена, а станува збор за Бока Конга, момчето кое важи за еден од актуелните модерни свадбени забавувачи на конги.

Бока и Симона веќе и најавија на публиката дека  ќе може заедно да ги слуша и гледа низ цела Македонија.

Изминатиот викенд оваа музичка двојка настапуваше на приватна забава во Кавадарци, градот каде Поповска најчесто настапува, а по тој повод пејачката избра ултра провокативен изглед.

Имено, таа се појави во кусо црвено фустанче како секси баба Мразица, а во преден план овојпат беше деколтето кое изгледа поголемо, па многумина се запрашаа дали атрактивната Симона ставила силиконски гради.

Коментар се уште нема од Симона, но сигурни сме дека наскоро ќе ја реши дилемата и искрено ќе каже дали корегирала нешто на себе…