Српските медиуми шпекулираат дека Сања Станковиќ има тајна врска со фудбалерот на Реал Мадрид и српски репрезентативец Лука Јовиќ, кој откако премина од ајнтрахт во Мадрид, повеќе е на насловните страници заради љубовните афери, отколку заради головите, за што Реал плати милионска сума.

Како што е познато, во моментов Лука Јовиќ е во врска со познатата српска манекенка Софија Милошевиќ, иако дружењето со познати српски пејачки не му е непознато.

Сања Станковиќ овој пат по се изгледа самата си се издала, објавувајќи фотографија на Инстаграм на која е фотографирана покрај ВИП ложата на фудбалскиот клуб Реал Мадрид. На сликата не се гледа кој ја фотографирал, но јасно може да се види дека е подготвена маса со луксузна вечера за двајца!

Дали се само шпекулации или во наводите има вистина… Ќе дознаеме наскоро!?














![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















