Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез го призна поразот од Франција и рече дека нијанси го одлучиле полуфиналето.
– Франција ќе игра за трофејот и тоа е заслужено. Нас ни фалеше само малку среќа. Натпреварот беше тврд и изедначен и одлучуваше една топка. Тие постигнаа гол и одат во финалето. Јас сум горд на моите играчи кои одиграа максимално и дадоа се од себе до самиот крај, изјави Мартинез.
Белгија синоќа загуби од Франција со 1:0 и в сабота ќе игра за 3.место на Светското фудбалско првенство со поразениот од вечерашниот полуфинален меч меѓу Хрватска и Англија.













![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-100x70.webp)


