Руските билкари веќе со децении ја лекуваат алергијата на полен со овој напиток – симптомите исчезнуваат преку ноќ

634

Пролетта е годишно доба на кое речиси сите се радуваат, но за некои значи уште една сезона на борба со алергиите. За среќа, природните лекови ја имаат таа моќ да стават крај на овие тегоби.

Кивање, чешање на очите, црвенило и течење на носот се само некои од непријатните симптоми на алергијата на полен. Тие често се проследени и со проблеми со дишните патишта, притисок во синусите, сува кашлица и гребење во грлото.

Моќната коприва ги елиминира тегобите

Копривата веќе со векови се користи во фитотерапијата. Листовите од коприва, помеѓу останатото, содржат природни блокатори кои го спречуваат производството на хистамин. Токму поради тоа тие поволно влијаат на тегобите предизвикани од алергиски реакции.

Најдобриот начин да се искористат сите предности и бројни лековити својства е користење на копривата на следниот начин: додадете неколку свежи листови во 250 мл. зовриена вода и оставете да отстои 30 минути, а потоа процедете. Овој напиток се пие 3 пати дневно.

Освен како напиток, лекот може да се користи и за инхалирање.

Третата опција подразбира користење на екстракт (тинктура) од коприва: промешајте 20 до 30 капки во вода или природен сок. Пијте го овој напиток еднаш дневно за превенција, а за ублажување на веќе постоечките тегоби, пијте го 3 пати на ден.

Освен копривата, како ефикасно решение во борбата против алергијата на полен се покажал и сокот од бозел, како и чајот од ѓумбир. Со редовната примена значително ќе ги ублажите тегобите.