Русите предупредуваат: Се подготвуваат нови удари на Сирија, распоредени се разурнувачи и бомбардери

227

Милитантите кои што пристигнуваат во сириската провинција Идлиб се обучувани од британската приватна воена компанија „Олив“, тврдат од руското министерство за одбрана.

Министерството за одбрана на Русија ги обвини САД, Велика Британија и Франција дека се подготвуваат за нови удари во Сирија под изговор дека тамошната влада на претседателот Башар Ал Асад користи хемиско оружје.

„Милитантите во Идлиб се подготвуваат да исценираат владина употреба на хемиско оружје против цивилите. Терористичката група Тајат Тарир Аш Шам подготвува провокација со цел Дамаск да биде обвинет за користење на хемиско оружје против цивили“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Како што открива тој, таа информација ја добиле од повеќе независни извори, а станува збор за групација која што исто така е позната по називот Џабат Ан Нусра. Конашенков прецизираше дека потенцијалното место на ескалација би можел да биде градот Џиср Еш Шугур и дека терористите веќе се снабдиле со осум контејнери со хлор.

„Токму таа провокација ќе послужи како изговор на западната коалиција да изврши напад на државни објекти во Сирија. Токму поради таа причина во Персискиот залив пристигна американскиот разурнувач „Саливанс“ вооружен со 56 крстосувачки ракети, додека во воздушната база во Катар пристигнал и бомбардерот „Б-1Б“ кој што исто така е вооружен со 24 крстосувачки ракети“, нагласи Конашенков.