Роналдо се отвори за лошиот крај во Интер, па извлече специјален заклучок за Реал Мадрид

620

Роналдо Назарио одработи опширно интервју за „ДАЗН“ во кое направи комплетна ретроспектива на целата своја играчка кариера, започнувајќи од деновите во Бразил, па се до европската авантура која започна во ПСВ, а која најмногу ќе ја памети по времето минато во Реал Мадрид.

Без оглед на тоа што „Ил Феномено“ секогаш вели дека најдобрите денови во кариета ги мина на „Сантијаго Бернабеу“, не може да се негира дека најзрелите фудбалски години ги мина во Интер, клуб од кој на крајот се раздели на доста непосакуван начин, за кој сега одлучи да се отвори во последното обраќање.

– Во Милано ми беше многу добро, ја чувствував љубовта од фановите на секој агол, фановите се вистински фанатици. Сепак, со тренерот кој го имавме (Купер), не можев да продолжам во Интер. Единствениот пат кога зборував со Морати за таа тема, му реков: Или тој си оди, или јас. Историјата со Интер на крајот заврши лошо, а започна мојата историја со Реал Мадрид. Отидов во Мадрид бидејќи сакав да заиграм за Реал, тоа беше мојот сон. На секој начин се обидов да стигнам таму. Роберто Карлос беше таму и ми објасни што се претставува Реал како клуб и ме заинтригира. Дојдов во Мадрид и наидов на нешто многу поголемо од што можев да замислам. Мадрид е Мадрид, нема ништо слично како Мадрид каде и да одите, – заклучува „Ил Феномено“.