Регулаторна се огласи: Од полноќ нови цени на горивата

285

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Според одлуката на РКЕ, цената на бензините не се менува, додека цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 25.11.2019 година, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,186 ден/кг.