Родители заспале со запалена цигара, четири деца им загинаа во пожарот

210

Во Британија е затворена истрагата за случајот на пожар во куќа во Сафорд во февруари минатата година кога загинаа четири деца на возраст од три, четири, шести и осум години.

Истрагата покажа дека пожарот во семејната куќа избувнал поради запалена цигара, при што животот го загубија Рајли Џон Холт (8), Киган Џоната Јунит (6), Тили Роуз Унит (4) и Оли Јунит (3).

Истрагата покажала дека после пожарот во федерите на душек е пронајдено растопено стакло од пепелник што укажува дека тука имало цигара која горела и го предизвикала пожарот.

Поради случајот првобитно беа притворени Натали Јунит (26) и нејзиниот партнер Крид Моутон (30) под соменение дека извршиле убиство од небрежност, но во август британското обвинителство објави дека не презема натамошни мерки.

Мајката вчера во текот на истрагата рече дека страда од посттрауматски стрес и дека не може да се сети што работела кога избил пожарот. Нејзиниот партнер кој е татко на три од четирите загинати деца исто така даде исказ велејќи дека претпоставува пожарот почнал од приземјето.

Обдукцијата покажала дека четирите деца починале поради вдишување на „чад од пожарот кој го предизвикала неизгасена цигара во собата на родителите“.