Универзитетски професор, епидемиолог Драган Даниловски за Студио 10 на ТВ24 изјави дека за 2-3 месеца ќе бидеме на прагот на колективен имунитет.
Чекајќи ги вакцините, ќе си ја свршиме работата сами на природен начин, по некои пресметки, ние некаде меѓу 42 и 45% опфатени граѓани имаме со инфекција, независно дали се асимптоматски или со симптоми, тоа е околу 750.000 граѓани. Околу 1.6 милиони граѓани користат здравствени услуги во Македонија. Со оваа динамика за 2-3 месеци ќе го достигнеме прагот на колективен имунитет, па за кого ќе се вакцините? Епидемијата здивнува имајќи предвид дека сме шампиони на Балканот кога се работи за `расположение` за вакцинирање, околу 49% од граѓаните не се расположени да се вакцинираат, вели д.р Даниловски кој се осврна и на британскиот сој на ковид -19.
Засегага има три мутации на вирусот, се дознава дека вакцината на Фајзер и Модерна делуваат и на јужноафриканскиот сој на вирусот.
Откриено е дека британската варијанта е 35% позаразна од оригиналниот тип, а јужноафриканскиот сој е 75% позаразен. Се претпоставува од искуството на Британија дека клиничката слика не е поразлична, но преносливоста е поголема. Ќе заболат повеќе луѓе, веројатно ќе има и повеќе починати. Истите мерки кои се преземаат за постоечкиот вирус функционираат и за британскиот сој. Треба маските поригорозно да се носат и дистанцата да се држи по внимателно. Ова не треба да не изненадува. РНК вирусите се нестабилни, мутираат многу често, рече д-р Даниловски.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











