Дваесет и петгодишната Халима Кисе од Мали им приреди огромно изненадување на докторите кога вчера на свет донесе девет новороденчиња, две повеќе отколку што биле прикажани на прегледите со ултразвук. Породувањето поминало во добар ред, со царски рез, и засега и мајката и бебињата се во добра состојба. Се родија пет девојчиња и четири машки деца.
Младата мајка се породи во специјална болница во Мароко, каде што беше испратена по наредба на привремениот премиер на Мали, Бах Ндау, откако во март нејзините доктори посочиле дека ќе ѝ биде потребна посебна нега и лекари специјалисти.
Покрај неа последните месеци бил и нејзиниот гинеколог од Мали, кој за Министерството за здравство известил дека Кисе е во добра состојба и за неколку недели заедно со нејзините деца ќе може да се врати дома.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












