Во шокантно интервју за Опра, Ријана призна дека сè уште навистина го сака своето поранешно момче Крис Браун и дека веројатно секогаш ќе остане така.
Во далечната 2009 година, тогашното момче на пејачката Крис , физички ја нападна Ријана вечерта на доделувањето на Греми наградите, оставајќи ја претепана и речиси во несвест.
Крис е осуден на условна казна од пет години и шест месеци општокорисна работа. Исто така, му беше забранет пристап до пејачката. Но, таа сега тврди дека инцидентот не ја натерал да престане да го сака.
“Повторно работевме на нашето пријателство. Сега сме многу блиски пријатели”, и рече на Опра Винфри во подкастот „Supersoul Coversations”.
“Ја обновивме довербата, и тоа е тоа – се сакаме и веројатно секогаш ќе се чувствуваме така. И тоа не е нешто што некогаш ќе го промениме. Не е нешто што можете едноставно да го исклучите. Мислам дека тој беше љубовта на мојот живот. Тој беше првата љубов. И гледам дека ме сакаше на ист начин … Не станува збор дури и за тоа да бидеме заедно, јас навистина го сакам, затоа главната работа за мене е дека тој е на мир. Јас не сум мирна ако имаше некоја несреќа или сум осамена “, призна пејачката.
Нејзиното ново гледиште за врската ја поттикна Опра да се запраша дали парот некогаш може да ја обнови романсата што ја имаа некогаш.
“Тој е во врска. Јас сум сама, но одржувавме многу блиско пријателство откако беше укината забраната за патување. Работевме на тоа, малку по малку, и не беше лесно. Не е лесно”, призна пејачката.
Но, во шокантното откритие, Ријана рече дека веднаш штом се случила физичката пресметка таа вечер, нејзината главна грижа била Крис, а не таа самата.
“Се чувствував заштитнички. Чувствував дека единствената личност што во моментот ја мразеа беше тој. Беше чудно чувство затоа што без оглед колку бев лута, повредена и изневерена, се чувствував како да не е во право и му треба помош, и кој ќе му помогне? Повеќе бев загрижена за него “, рече пејачката во шокантното интервју.