Клајверт: Едвај чекам да заиграм за Рома

397

Младиот холандски напаѓач Џастин Клајверт својата кариера ќе ја продолжи во Рома, откако Ајакс ја прифати понудата на римскиот клуб.

Клајверт со своите настапи за Ајакс го привлече вниманието на најголемите клубови, а на крајот се одлучи за Рома. Римјаните за кратко време се договориле со клубот од Амстердам и за услугите на Клајверт ќе исплатат 20 милиони евра.

Синот на легендарниот холандски напаѓач Патрик Клајверт синоќа допатувал во Рим, а денес после медицинските прегледи, 20-годишниот напаѓач ќе стави потпис на договор со „Римската волчица“.

„Многу сум среќен што дојдов во Рома и едвај чекам трансферот да биде комплетиран. Немаше многу дилема во изборот на новиот клуб и можам само да ви кажам дека едвај чекам да заиграм за Рома“, изјави Клајверт.