Популарната пејачка Ријана изминатите месеци не престанува да ги воодушевува бројните дами со својата комзетика, шминка, долна облека и други производи, а со новата колекција на летна шминка сигурно повторно ќе ги освои вашите срца.
Новите производи на козметичката линија Fenty Beauty вклучувајќи ја палетата со сенки под името Morooccan Spice е преполна со прекрасни бои кои се совршени за летните денови. Уште еден одличен производ е и водоотпорниот туш за очи кој Ријана го нарече Flyliner. Во колекцијата има и подлога за сенка, четки и сјај за усни.
Ријана минатата година ја основаше оваа козметичка линија која се покажа за многу успешна, а потоа следуваа и модната линија за облека Fenty Puma и колекцијата за долна облека Savage X Fenty.
Пофалбите на модните критичари ги има сè повеќе на адресата на Ријана, што е сосема заслужено со оглед на тоа дека воодушевува со новите идеи и модни производи.


















![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)















