Реакцијата на Меган Маркл кога прв пат ја видела својата венчаница

757

За венчаницата на Меган Маркл почна да се зборува многу пред кралската венчавка.

Јавноста со месеци ја интересираше кој ќе ја дизајнира венчаницата и каков ќе биде нејзиниот крој, а Британците можеа дури да се обложат на тоа. Но, изгледа дека во тоа време ни самата Меган не знаела како ќе изгледа нејзината венчаница, како што откриваат кадрите од претстојниот документарец за кралицата Елизабета “Queen of the World”.

Имено, војвотката од Сасекс, својата венчаница ја видела дури еден ден пред венчавката, пренесува “Harper’s Bazaar”, и изненадувачки смирено изреагирала на неа.

“Педесет и три, о боже мој”, вели Меган на снимката додека го допира раскошниот вел, кој на себе имал извезено цвеќиња од секоја од 53-те земји од Комонвелтот. Велот и венчаницата се дизајнирани од модната куќа “Живанчи”.

Најавата на документарецот не открива многу повеќе од реакцијата на Меган за нејзината венчаница, а за малку повеќе информации ќе треба да се стрпите до после 1-ви октомври, кога документарецот ќе биде премиерно прикажан во САД.