Новите протоколи кои ги бараат угостителите во однос на нивната работа и одржувањето на свадби наидоа на негодување од страна на музичарите.
Здружението на естрадни уметници реагира на барањата на угостителите според кои се бара на свадбите да не се игра оро и да нема жива музика.
-Музичарите ги поддржаа угостителите, а тие сега се однесуваат како да не постоиме. Има повеќе опции и ние пративме писмо за средба со комисијата за заразни болести и тие опции ќе им ги објасниме, рече Горјан Стојановски од здружението на естрадата.
Тој вели дека зошто пејачите да не може да пеат со визири а музиката да не биде на растојание од пет метри и да има пексиглас. Тој потенцира дека свадбите не се само ора и чочеци и за пример ги дава многу земји на Запад во кои свадби се прават без ора.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















