„Ромео и Јулија“ е насловот на новата песна на ДНК! Музиката, текстот и продукцијата е на веќе докажаниот двоец Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот го потпишува 5R. Зад мастерингот стои Streaky од Лондон.
Во кадрите кои се снимени во клубот „Епицентар“, освен момците од ДНК, односно Панчо и Андреј, се појавуваат и танчарките од студиото Twerk Low Z Латин Принц, Мажестик (Александра Трпеска), моделките Александра Накова и Емилија Розман и единствениот македонски кошаркар кој заиграл за НБА Перо Антиќ.

Веројатно, сето ова е сосема доволно инспиративно за да се слушне песната и погледне видеото, кое само по себе е прилично уникатно и нешто досега невидено на домашен терен.
Се трудиме секогаш да сме поразлични во она што го правиме, и кога станува збор за музиката, но и кога се во прашање спотовите. Имаме одлична екипа со која, пред сè, одлично се забавуваме на снимањето, но и екипа која даде сè од себе да имаме совршен финален производ. Има благодариме на сите кои се дел од оваа приказна. Веруваме во „Ромео и Јулија“, вели Панчо.














![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















