По Јапонија, веќе и Бахреин е минато. Македонија си ја заврши „полесната“ работа и ја оправда фаворитската улога во овие два меча. Селекторот на нашата селекција Раул Гонзалез посочи како планира да игра утре во дуелот со Хрватска.
„Никогаш не знаеш како ќе бидат натпреварите, но засега се е според план. Веќе мислите се кон Хрватска и треба да се подготвиме. Треба да напаѓаме како против Јапонија а да се браниме како денес против Бахреин“ изјави Раул Гонзалез и се надоврза:
„Против Хрватка ќе биде тешко, имат добри играчи кои подеднаков добро играат во напад и во одбрана, имат искуство, а и се конкуренти за медал. На физички план мислам дека сме добро, ние сме на почеток, ќе бидеме спремни. Денес сите игра, вчера имаве слободен ден“,.