Рашковски ќе градат хациенда од 800 м2, како инвеститори се заведени неговите малолетни деца

167

Луксузна хациенда на Скопска Црна Гора, во викенд-населбата Побожје, ќе гради семејството на Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмите за работа на Владата.

Како што објави Алсат, инвеститори на објектот се двете малолетни деца на Рашковски.

Рашковски во Побожје поседувал 11 илјади кавадратни метри земјоделско земјиште. Го впишал во анкетниот лист по изборите лани. Но, овој имот го нема во неговиот претходен анкетен лист, кога дојде на функцијата генерален секретар на Владата. Го купил потоа, за речиси 100 илјади евра. Колку заработува, а колку троши, истражува и Антикорупциската комисија.