Претседателот на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), Ајдоган Адемовски кој е и сопственик на Трговскиот центар „Капитол мол“ и „Хотел Хилтон“ во Скопје, ќе купи 100% акциите на „Рамстор Македонија“, соопштија МАТТО.
Преговорите во врска со потпишувањето на договорот за пренос на уделот се во тек.
„Претходно е одлучено да се одложи јавно објавување на дискусиите што треба да се одржат по ова прашање со цел да не се нарушат легитимните интереси на нашата компанија и да се избегнат заблуда на инвеститорите“, се вели во соопштението.
Рамстор е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, еден од најголемите ланци на маркети во областа на малопродажбата во Турција.
Рамстор има вкупно 21 маркет и еден Трговски центар во центарот на Скопје со повеќе од 90 избрани продавници и брендови и сместен на простор во 25.000 м2.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















