Бугарскиот печат во 1946 година: Моштите на македонскиот револуционер Гоце Делчев ќе почиваат во земјата за која тој го даде животот

315

Професорот Ванчо Ѓоргиев, член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања во денешеното гостување на 1ТВ го раскажа процесот на префрлување на моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија и целата атмосфера во таа 1946 година. Тогаш во бугарскиот печат се пишувало дека „моштите на големиот македонски револуционер Гоце Делчев се пренесени во Скопје, главниот град на земјата за која тој го даде животот“. На потпишувањето на протоколот за префрлување на моштите бил присутен и тогашниот бугарски претседател.

-Идеалот на соборците од Илинденското востание е моштите на Гоце Делчев да почиваат во главниот град на независна и слободна Македонија, што го пишува и на саркофагот од 1923 година кој бил специјално изработен кога моштите на Делчев биле пренесени во домот на Илинденската организација во Софија. Прогласувањето на независна Македонија во 1944 им значеше многу на борците од Илинденското востание и почнуваа да зборуваат дека време е моштите на Гоце Делчев да бидат пренесени во Скопје, но и дека е време за обединување на Македонија. Прашањето за пренесување на моштите се активира повторно во 1946 година и почнуваат преговори меѓу Илинденската организација од Софија, а потоа се вклучуваат и владите. Тогаш македонските атрибути се целосно признати од бугарската држава. Конечно сите подготовки се завршени и се стигнува на седми октомври да се потпише протоколот. Официјални потписници се претставници на Илинденската организација во Софија и двајца министри од македонската влада. Присутен бил и претседателот на Бугарија. Наредниот дел моштите тргнуваат за Скопје и намерно минуваат низ Пиринскиот дел на Македонија. Ние го одбравме тој датум за да биде симбол на зближувањето и соживотот на двата народа, целосно европски. Го предложивме за ден за пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Секој кој ќе ги слушне противаргументите на другата страна за овој предлог ќе се смее, вели Ѓоргиев.