Рамос славеше со „очила“ во Романија и доби жолт, но тоа не беше за судијата!

911

Серхио Рамос беше еден од стрелците за Шпанија на гостувањето кај Романија (1-2), а на овој натпревар, столбот на „фуријата“ доби жолт картон за неговата прослава на погодокот од пенал.

Рамос по погодокот гестикулираше со „очила“ кон трибините, а тоа судијата Дениз Ајтекин го сфати како провокација. Веднаш му додели жолт картон на стоперот, по што двајцата влегоа во вербален дуел. Рамос подоцна ја објасни причината зошто славел така…

„На паузата му кажав на судијата дека славев со „очила“ поради мојот внук. Тој не гледа добро, сакав само да му порачам дека треба да си земе очила. Му го посветив голот и се потрудив да го израдувам. Судијата не го забележа тоа и ми додели картон“, изјави Рамос по средбата.

По објаснувањето на Рамос, пристигнало и лично извинување од судијата Ајтекин за жолтиот картон. Шпанија победи во Романија со 1-2, а покрај Рамос, во листата на стрелците се запиша и Алкасер, за перфектни пет од пет во квалификациите за ЕП 2020.