Радоњиќ ќе го предводи Баерн во Евролигата

773

Дејан Радоњиќ и во следната сезона ќе ја предводи екипата на Баерн, објави клубот од Минхен.

Баварците се задоволни од работата на Радоњиќ кој за само два месеца успеа да му ја донесе на Баерн шампионската титула, но исто така обезбеди место и во Евролигата.

– Среќен сум поради довербата што ми ја укажа мојот клуб. Времето за запознавање беше кусо и интензивно, но мислам дека успешно ја поминавме таа фаза. Ќе дадам се од себе да постигнеме добри резултати во следната сезона, како на домашен план, така и во Евролигата, изјави црногорскиот стручњак.

Радоњиќ во Баерн дојде во април и тогаш на тренерското место го наследи Александар Ѓорѓевиќ