угарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Радев го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија, бидејќи, како што истакна, тоа е важен услов за постигнување на стратешките приоритети – членство во ЕУ и НАТО.
– Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција за името, особено заради тоа што ќе ги отстрани пречките на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, рече Радев.
Бугарската поддршка на договорот за името, како што истакна, е поврзана со стриктно почитување на договорите што Скопје и Атина ги имаат со Софија.
Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов во Софија требаше да се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, но средбите во последен момент беа откажани.
– Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Македонија. Бугарската Влада не гледа причина да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија.














![[ВИДЕО] Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/VLOXv-screenshot-2026-01-10-081850-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/EhVwe-raketa-proektil-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Руски генерал убиен во Москва](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/3W5xK-moskva-1-logo-federalna-sluzba-za-bezbednost-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)
















