Работеле, па пронашле лонец со богатство! Сопственикот паднал во транс, но потоа се вмешала државата

165

Бидејќи градовите во Индија се повеќе се шират, за време на градежните работи може да се налета на многу занимливости, па дури и на вистинско богатство.

Во едно село на југот на земјата, Пембарти, сопственик на земјиште Мету Нарсима пронашол лонец со златни предмети, меѓутоа неговата радост била кратка бидејќи се ќе и припадне на државата.

Парцелата, која градежно претпријатие ја прекопувало пред изградба, криела метален сад со скапоценост во кој имало златни и сребрени украси и други предмети.

Работниците и жителите се собрале околу богатството, а се верува дека украсите се подароци за божицата и храмот кои порано се наоѓале на тоа место. Насобраните кажувале молитви, палеле стапчиња од темјан и носеле цвеќе.

Во пронајдениот бакарен сад имало околу 198,8 грама злато, 1,72 килограми сребрени украси, рубин тежок 6,5 грама, заедно со останатите антиквитети. Досега се пронајдени 20-тина златни обетки, 51 златен бисер и 11 златни ланчиња и други вредни предмети.

Локалните власти од округот Јангаон го преземале богатството и парцелата ја прогласиле за локалитет, па на сопственикот му забраниле да продолжи со изградбата.

Кога Нарсима го пронашол богатството, почнал хистерично да се однесува, па локалците морале да го смируваат.

Потеклото на украсите и периодот на кој му припаѓаат се непознати, но најавено е дека археолозите детално ќе ги проучат откриените предмети.